Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Имплантологија

Опис

После децении истражување, обиди и испитувања денес стоматологијата преку имплантите го нуди на своите пациенти она кое природата не го понудила. Трети трајни заби.

ПЗУ ‘Др. Ванчо’ работи на полето на денталната имплантологија веќе 12 години и зад себе има преку 400 случаи и над 1200 успешно поставени импланти.

Денталниот имплант е хируршка компонента која се поврзува со коската на вилицата и служи за прицврстување на протетска изработка (коронка, мост, подвижна – мобилна протеза) или пак, може да служи и како ортодонтско сидро. Основата на забните импланти е биолошки процес наречен осеоинтеграција, во кој, материјали како титаниум формираат интимна врска со коската. Материјалот од кој се изработени имплантите (титаниум) е биокомпатибилен.

Со денталните импланти може да се надомести еден изгубен заб, повеќе заби или сите заби.

Најпрво, имплантот се поставува во коската, а потоа потребна е варијабилна количина на време (4-6 месеци) за осеоинтеграција пред да се прицврсти протетичкиот елемент, за кое време пациентот е снабден со привремена изработка. Постојат и импланти кои може да се постават во устата и имедијатно да се оптоварат со дефинитивна протетска конструкција.

Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, безболни, долготрајни и добра замена за нивните изгубени заби.