Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Хијалуронски филери

Опис

Водени од постојаната потреба од естетика, тимот на ПЗУ ‘Др. Ванчо’ Ви нуди услуги освен од стоматологијата, и од полето на фацијалната естетика.

Хијалуронските филери се многу популарна anti aging алатка, со која се враќа младешката свежина на усните и лицето на природен и безбеден начин. Хијалуронот (хијалуронската киселина) е гликозаминогликан, елемент кој е веќе присутен во сврзното ткиво на кожата и поради тоа, веднаш по апликацијата хармонично се вклопува во ткивото.

Со хијалуронски филери можна е нехируршка потполно безболна естетска корекција на усни, зголемување и контурирање на усните, корекција на асиметрични усни, пополнување на брчки во лицевата регија (назолабијални, пушачки, марионети), подигање (нагласување) на јаболчници итн.

Хијалуронските филери го враќаат волуменот, свежината и контурите на лицето.

Возрасната граница не е строго детерминирана, па поради тоа, денес филерите се се’ поактуелни и кај младата популација.

Самата процедура е многу кратка, резултатите се веднаш видливи, а компликациите од процедурата се вистинска реткост.

Ефектот од аплицирањето на филерот е реверзибилен и траењето е индивидуално. При почетните апликации може да дојде до ресорбирање на филерот во текот на првата година (но не во првите шест месеци), а со секоја следна апликација, ефектот може да трае и до 18 месеци.

За нашите пациенти секогаш се грижиме да им понудиме сигурен, квалитетен и безбеден третман, па затоа се одлучивме за филерите Stylage, произведени од лабораторијата Vivacy во Франција. Тоа е единствениот филер во Македонија збогатен со антиоксиданс (манитол).

https://stylage.eu/

Наши успешни приказни