Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Реставрации ( пломби )

Опис

Пломбите се најчест тип на реставрација во стоматологијата. Тие го надоместуваат делот од забот кој е уништен со кариес или пак, е изгубен при траума.
Денес, најшироко употребувани материјали се композитите (естетски бели пломби). Се разликуваат голем број различни композити според типот и големината на честичките кои ги содржат. Најновите нано-композити освен што естетски задоволуваат и наликуваат на природниот заб, имаат и голема цврстина, што значи дека можат да ги издржат џвакалните сили.
Друга група на современи пломби се глас-јономерните пломби кои имаат се’ поголема употреба поради нивната био-активна природа. Овие материјали хемиски се врзуваат со забната структура, имаат добри физички својства и имаат способност да делуваат заштитно на забот поради нивното испуштање на флуориди. Заради ова, овие пломби имаат голема употреба во детската стоматологија, и во сите случаи каде што е потребно да се намали ризикот од кариес.
Многу ретко, но и денес се’ уште се употребуваат амалгамските (метални) пломби, кои иако не се естетски, имаат најголема цврстина и се долготрајни.
При Вашата посета во зависност од состојбата на Вашите заби и во зависност од предностите и недостатоците на различните материјали, ќе го пронајдеме најоптималното решение за Вас.