Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Фиксна протетика

Коронки

Коронките претставуваат фиксни протетски конструкции со кои се покрива целата забна површина со цел, зајакнување на оштетените заби и сочувување на нивната функционалност или постигнување на естетика. Коронките, исто така, можат да бидат поставени над имплант  за да се обезбеди формата на забот и функцијата. Порцеланските коронки можат идеално да ја имитираат бојата на Вашите природни заби. Порцеланот може да е поставен над метална основа (метал-керамички) или пак со бела основа (т.н. безметални, CAD/CAM изработки; цирконија, е-max). Постојат и материјали кои вклучуваат метални легури и акрилат со поприфатлива цена, но со помали естетски можности и баш поради тоа, денес се’ помалку се изработуваат.

Коронките се изработуваат кога:

– по лекување на коренските канали често се препорачува, за да се зајакне забот, бидејќи по завршената терапија забот е лесно кршлив;

– голем дел од забот е оштетен од кариес или скршен, за да се зачува функционалноста, а да се превенираат фрактури;

– ако чкрипите со забите или ако постојат абразии и голем дел од забната супстанција е истрошена;

– при поставување на имплант, коронката се става над носачот на имплантот;

– од естетски причини.


Мостови

Мостовите се фиксно – протетски конструкции кои ги надополнуваат изгубените заби. Се состојат од неколку коронки кои се поврзани во една целина за да го премостат дефектот во забниот низ. При загуба на заб во забниот низ, препорачано е изработување на мост за пополнување на настанатиот дефект за да не дојде до поместување на соседните заби што понатаму би довело до проблеми со потпорниот апарат на истите и промени во загризот, а последователно на тоа страда и виличниот зглоб.
Во нашата ординација се изработуваат порцелански мостови со метална основа, со безметална основа и хромаситни мостови (без порцелан).


Наши успешни приказни