Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Мобилна протетика

Опис

Протезите се мобилни протетски конструкции кај пациенти кои изгубиле поголем дел од своите заби и кај кои не постои можност да се изработи фиксно – протетска конструкција (мост). Според бројот на изгубени заби протезите можат да бидат парцијални (делумни) или тотални (целосни) протези , а според материјалот на изработка можат да бидат: класични акрилатни протези , скелетирани визил протези и еластични ( валпласт) протези.

Тотални протези

Кога пациентот ги има изгубено сите заби, се изработуваат тотални (целосни) протези.


Парцијални протези

Парцијални протези се протези кои се изработуваат кога во усната празнина има останато заби, но кај пациентот нема услови за поставување на мостовска конструкција.

  1. Класични акрилатни протези

Целосно се изработени од цврст акрилат и со помош на кукички (жички) се прицврстени за остатокот од забите.

  1. Eластични (валпласт) протези

Овие протези се изработени од тенок и мек материјал кој совршено се вклопува во устата на пациентот, интимно налегнува на гингивата и овозможува рамномерно пренесување на силите на џвакопритисок со што се намалува оптеретувањето на природните заби. За истите е поврзана со меки и невидливи кукички со што естетски е скоро невидлива и не создава проблеми при говор и исхрана, па затоа пациентите многу лесно се навикнуваат на нејзината употреба.

  1. Скелетирана визил протеза

Визил протезата е парцијална скелетирана протеза каде што скелетот на протезата е изработен од леен метал . Површината на протезата е значително намалена и за разлика од акрилатните протези тие се потенки, помали, но поцврсти и постабилни во усната празнина. За преостанатите заби може да се прицврстува со помош леени кукици или во комбинација со порцелански мостови каде што врската меѓу протезата и мостот е со атечмени (копчиња) кои не се гледаат , естетски се многу поприфатливи, а овозможуваат цврсто лежење и одлична функција на протезата.


Протези над импланти

За подобрување на стабилноста на протезите при недостаток на сите заби во усната празнина, можно е поставување на посебен вид на импланти, на кои се прицврстува протезата. Ваквиот вид на изработки се мобилни, се отстрануваат од усната празнина, лесни се за одржување на хигиената и се стабилни при јадење и говор.