Композитните фасети (ламинати) се тенки прекривки на предните површини на забите и служат да ги прекријат дисколорациите и оштетувањата на забите, односно, се употребуваат доколку се потребни мали естетски корекции на забите, без при тоа да се оптовари буџетот на пациентот.
Во нашата ординација се употребуваат префабрикувани, готови композитни ламинати кои само се адаптираат на Вашите заби или пак, може да се изработат и од композитен материјал (бела естетска пломба). Новите генерации на композити имаат естетски карактеристики како природниот заб и имаат голема цврстина, што значи може да ги издржат џвакалните сили.