Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Ендодонција

Опис

Ендодонцијата е гранка во стоматологијата што се занимава со лекување на пулпата (нервот) на забот. Ендодонтскиот третман е секојдневна стоматолошка процедура чија цел е да се отстрани оштететниот нерв и да се елиминира инфекцијата од внатрешноста на забот, а воедно и да се зачува забот и да се реставрира. Доколку не постои можност за ендодонтски третман на забот или пак, ендодонтскиот третман е неуспешен, се пристапува кон негова екстракција (вадење).
Фази на лекување на заб:
– снимка на забот
– пристап до нервот (по потреба аплицирање на анестезија) и негово отстранување;
– обработка на коренските канали со соодветни инструменти (рачни или машински)
– апликација на средство за умртвување на забот или лек ;
– повторување на обработката и аплицирање на различни медикаментозни средства при секоја посета;
– бројот на посетите е варијабилен во зависност од дијагнозата и реакцијата на соодветниот заб;
– на крајот на третманот, коренскиот канал се исполнува со траен цврст материјал и соодветно се реставрира.