Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Белеење

Опис

Белеењето на забите е ефикасен начин за промена на постоечката нијанса на забите без при тоа да се одземе дел од забната супстанцa. Тоа е една од најпопуларните процедури во естетската стоматологија, со која се отстрануваат разните дисколорации од површините на забите, со што забите стануваат побели.

Постојат два типа на белеење: ординациско и белеење во домашни услови.

Зашто Вашиот избор треба да е ординациското белеење?

Ординациското белеење се одвива во строго контролирани услови од стручно лице, при што, можноста за оштетување на забите или околното ткиво е сведена на минимум. Воедно, и резултатите од постапката се веднаш видливи. Како дополна на белеењето следува и третирање на забите со флуориден препарат, со цел минимизирање на осетливоста на забите која што се јавува по белеењето и зајакнување на структурата на забот.

Резултатите од белеењето на забите се субјективна процена и варираат од пациент до пациент, а исто така и трајноста на добиената нијанса е индивидуална. Кај лица кои често консумираат обоени пијалоци (кафе, чај, црно вино) или пак цигари, постои ризик за побрзо враќање на првобитната нијанса на забите.

Kaко дополна на ординациското белеење може да следи и белеење во домашни услови со послаб агенс, но секогаш со претходна консултација и следење на инструкции од стручно лице.

Повеќе информации за системот за белеење:

https://www.opalescence.com/en-us/pages/in-office.aspx