Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Порцелански ламинати

Опис

Порцеланските фасети (ламинати) претставуваат тенок слој на материјал (порцелан) кој се поставува на предната површина на забите со што, се менува бојата и/или формата и големината на забот. Заради нивната минимална дебелина, максимално се штеди забната супстанција.
Порцелански фасети се користат:
– за да се прекријат површините на пребоени заби кај кои не е можно белеење;
– за затворање на простори меѓу забите;
– за корекција на формата и должината на забите;
– за подобрување на изгледот на оштетeни заби од кариес или траума.
Постапката се одвива во две фази. Првата фаза (посета) започнува со фотографирање на почетната состојба на забите, земање на отпечаток пред препарацијата на забите за изработка на студио модел и дискусија со пациентот за неговата желба и замисла. Следи отстранување на мал дел од забната супстанца и земање на втор отпечаток. Во втората фаза, после пробата на фасетите во устата на пациентот и утврдување дека добро налегнуваат и бојата е соодветно oдбрана , се цементираат трајно во устата на пациентот.
Во нашата ординација за изработка на порцеланските фасети се употребува светски познатиот IPS e – max систем на Ivoclar.

Наши успешни приказни