Контакт информации

Vratnica | Jegunovce | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 397-966 | 44 330-666

Спец. Д-р Ванчо Несторовски

Спец. Д-р Ванчо Несторовски е роден 1962-ра година во Тетово. Во 1981-ва година завршува средно забо-техничко училиште во Скопје, а во 1988-ма година се здобива со диплома од Стоматолошкиот факултет во Скопје. Истата година се вработува во Медицински центар – Тетово како доктор на стоматологија. Специјалистичкиот испит од областа на оралната хирургија го положува во 2004-та година, со што, се здобива со звање специјалист – орален хирург.

Д-р Валентина Несторовска Зафироски

Д-р Валентина Несторовска Зафироски е родена 1989-та година во Тетово. Средно забо-техничко училиште завршува во ОСМУ “Никола Штејн” – Тетово во 2008-ма година, а 5 години подоцна се здобива и со диплома од Стоматолошкиот факултет при Универзитет Св. “Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2016-та година запишува и втор циклус на студии на Стоматолошиот факултет во Скопје.

Д-р Надица Несторовска

Д-р Надица Несторовска е родена 1992-ра година во Тетово. Во 2010-та година го завршува средното образование во ОСМУ “Никола Штејн” во Тетово, отсек забен техничар и своето образование го продолжува на Стоматолошкиот факултет при Универзитет Св. “Кирил и Методиј” во Скопје каде во 2015-та година се здобива со звање доктор по дентална медицина. Својот 9 – месечен стаж го обавува во рамките на Клиничкиот центар во Скопје и се здобива со лиценца за работа во јули 2016-та година. Во октомври 2016-та година запишува втор циклус на студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Снежана Несторовска

Родена на 06.02.1967 година во Тетово. Основно образование има завршено во ОУ ‘Кашуско’ (Kosciusko Elementary School) во Детроит, САД, а средно забо-техничко во ОСМУ ‘Никола Штејн’ – Тетово.

Во ПЗУ ‘Др. Ванчo’ работи како забен асистент од 2013-та година.

Има одлично познавање на англиски јазик.

Светлана Здравковска

Родена на 13.01.1978 година во Тетово.

Има завршено средно медицинско училиште во Никола Штејн во Тетово, отсек општа медицина.

Во ПЗУ ‘Др. Ванчо’ работи од 2010-та година.