fbpx
Контакт информации

Vratnica | St. Marsal Tito 54/1-3 - Tetovo

44 452-200 | 44 330-666

• ИМПЛАНТОЛОГИЈА

Опис

После децении истражување, обиди и испитувања денес стоматологијата преку имплантите го нуди на своите пациенти она кое природата не го понудила. Трети трајни заби.
ПЗУ ‘Др. Ванчо’ работи на полето на денталната имплантологија веќе 12 години и зад себе има преку 400 случаи и над 1200 успешно поставени импланти.
Денталниот имплант е хируршка компонента која се поврзува со коската на вилицата и служи за прицврстување на протетска изработка (коронка, мост, подвижна - мобилна протеза) или пак, може да служи и како ортодонтско сидро. Основата на забните импланти е биолошки процес наречен осеоинтеграција, во кој, материјали како титаниум формираат интимна врска со коската. Материјалот од кој се изработени имплантите (титаниум) е биокомпатибилен.
Со денталните импланти може да се надомести еден изгубен заб, повеќе заби или сите заби.
Најпрво, имплантот се поставува во коската, а потоа потребна е варијабилна количина на време (4-6 месеци) за осеоинтеграција пред да се прицврсти протетичкиот елемент, за кое време пациентот е снабден со привремена изработка. Постојат и импланти кои може да се постават во устата и имедијатно да се оптоварат со дефинитивна протетска конструкција.
Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, безболни, долготрајни и добра замена за нивните изгубени заби.

ОРТОДОНЦИЈА

Опис

• ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

Опис

Водени од постојаната потреба од естетика, тимот на ПЗУ ‘Др. Ванчо’ Ви нуди услуги освен од стоматологијата, и од полето на фацијалната естетика.
Хијалуронските филери се многу популарна anti aging алатка, со која се враќа младешката свежина на усните и лицето на природен и безбеден начин. Хијалуронот (хијалуронската киселина) е гликозаминогликан, елемент кој е веќе присутен во сврзното ткиво на кожата и поради тоа, веднаш по апликацијата хармонично се вклопува во ткивото.
Со хијалуронски филери можна е нехируршка потполно безболна естетска корекција на усни, зголемување и контурирање на усните, корекција на асиметрични усни, пополнување на брчки во лицевата регија (назолабијални, пушачки, марионети), подигање (нагласување) на јаболчници итн.
Хијалуронските филери го враќаат волуменот, свежината и контурите на лицето.
Возрасната граница не е строго детерминирана, па поради тоа, денес филерите се се’ поактуелни и кај младата популација.
Самата процедура е многу кратка, резултатите се веднаш видливи, а компликациите од процедурата се вистинска реткост.
Ефектот од аплицирањето на филерот е реверзибилен и траењето е индивидуално. При почетните апликации може да дојде до ресорбирање на филерот во текот на првата година (но не во првите шест месеци), а со секоја следна апликација, ефектот може да трае и до 18 месеци.

• БЕЛЕЕЊЕ

Опис

Белеењето на забите е ефикасен начин за промена на постоечката нијанса на забите без при тоа да се одземе дел од забната супстанцa. Тоа е една од најпопуларните процедури во естетската стоматологија, со која се отстрануваат разните дисколорации од површините на забите, со што забите стануваат побели.
Постојат два типа на белеење: ординациско и белеење во домашни услови.
Зашто Вашиот избор треба да е ординациското белеење?
Ординациското белеење се одвива во строго контролирани услови од стручно лице, при што, можноста за оштетување на забите или околното ткиво е сведена на минимум. Воедно, и резултатите од постапката се веднаш видливи. Како дополна на белеењето следува и третирање на забите со флуориден препарат, со цел минимизирање на осетливоста на забите која што се јавува по белеењето и зајакнување на структурата на забот.
Резултатите од белеењето на забите се субјективна процена и варираат од пациент до пациент, а исто така и трајноста на добиената нијанса е индивидуална. Кај лица кои често консумираат обоени пијалоци (кафе, чај, црно вино) или пак цигари, постои ризик за побрзо враќање на првобитната нијанса на забите.
Kaко дополна на ординациското белеење може да следи и белеење во домашни услови со послаб агенс, но секогаш со претходна консултација и следење на инструкции од стручно лице.
Повеќе информации за системот за белеење:
https://www.opalescence.com/en-us/pages/in-office.aspx

• ЛАМИНАТИ

Опис

Порцеланските фасети (ламинати) претставуваат тенок слој на материјал (порцелан) кој се поставува на предната површина на забите со што, се менува бојата и/или формата и големината на забот. Заради нивната минимална дебелина, максимално се штеди забната супстанција.
Порцелански фасети се користат:
- за да се прекријат површините на пребоени заби кај кои не е можно белеење;
- за затворање на простори меѓу забите;
- за корекција на формата и должината на забите;
- за подобрување на изгледот на оштетeни заби од кариес или траума.
Постапката се одвива во две фази. Првата фаза (посета) започнува со фотографирање на почетната состојба на забите, земање на отпечаток пред препарацијата на забите за изработка на студио модел и дискусија со пациентот за неговата желба и замисла. Следи отстранување на мал дел од забната супстанца и земање на втор отпечаток. Во втората фаза, после пробата на фасетите во устата на пациентот и утврдување дека добро налегнуваат и бојата е соодветно oдбрана , се цементираат трајно во устата на пациентот.
Во нашата ординација за изработка на порцеланските фасети се употребува светски познатиот IPS e – max систем на Ivoclar.

• ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

Опис

Кортикотомија – постапка на хируршко отстранување на коскениот покрив на импактиран заб со цел, негово побрзо и полесно еруптирање и сместување во забниот низ.
Импакција – постапка на хируршка екстракција (вадење) на заб кој е вклештен во внатрешноста на вилицата, а чија позиција укажува дека не постои можност да се смести во забниот низ или пак, во забниот низ нема простор за сместување на дадениот заб (најчесто третите молари).
Апикотомија – хируршка ресекција на коренот на забот со цел, отстранување на хроничен процес кој не покажува знаци за повлекување по соодветно изведен конзервативен третман.
Цистектомија – отстранување на цистични мекоткивни формации во усната празнина
Френулектомија – хируршка корекција на припојот на френулумот на горна и долна усна кај деца од ортодонтски причини или кај возрасни лица од протетски причини. Исто така, можна е корекција и на високо припоен френулум на јазик со што се отежнати нормалните функции (говор, исхрана..).
Гингивектомија / Гингивопластика – хируршка корекција на формата на гингивата. Се употребува за отстранување на вишокот гингива кај силно и долготрајно воспаление на гингивата (дополна на конзервативниот третман) или за корекција на контурите на ткивото околу забите и зголемување на должината на коронките (пр. корекција на gummy smile).
Отстранување на папиломи и фиброми – ексцизија на мекоткивни израстоци во и околу усната празнина брзо и безболно (RF термокаутер).
Нивелација – израмнување на коскени егзостози на алвеоларниот гребен кои настануваат после екстракција на забите во различни периоди како резултат на процесите на ресорпција и апозиција на коска.
Коскена аугментација – апликација на вештачка коска кај лица кај кои има голема загуба на коскено ткиво после загуба на забите, а пред изработка на протетски надоместоци или поставување на импланти.
Синус лифт – подигање на подот на синусот со цел добивање на простор за поставување на импланти.

• ПРОТЕТИКА

Опис

ФИКСНА ПРОТЕТИКА
КОРОНКИ
Коронките претставуваат фиксни протетски конструкции со кои се покрива целата забна површина со цел, зајакнување на оштетените заби и сочувување на нивната функционалност или постигнување на естетика. Коронките, исто така, можат да бидат поставени над имплант за да се обезбеди формата на забот и функцијата. Порцеланските коронки можат идеално да ја имитираат бојата на Вашите природни заби. Порцеланот може да е поставен над метална основа (метал-керамички) или пак со бела основа (т.н. безметални, CAD/CAM изработки; цирконија, е-max). Постојат и материјали кои вклучуваат метални легури и акрилат со поприфатлива цена, но со помали естетски можности и баш поради тоа, денес се’ помалку се изработуваат.
Коронките се изработуваат кога:
- по лекување на коренските канали често се препорачува, за да се зајакне забот, бидејќи по завршената терапија забот е лесно кршлив;
- голем дел од забот е оштетен од кариес или скршен, за да се зачува функционалноста, а да се превенираат фрактури;
- ако чкрипите со забите или ако постојат абразии и голем дел од забната супстанција е истрошена;
- при поставување на имплант, коронката се става над носачот на имплантот;
- од естетски причини.

МОСТОВИ

Мостовите се фиксно – протетски конструкции кои ги надополнуваат изгубените заби. Се состојат од неколку коронки кои се поврзани во една целина за да го премостат дефектот во забниот низ. При загуба на заб во забниот низ, препорачано е изработување на мост за пополнување на настанатиот дефект за да не дојде до поместување на соседните заби што понатаму би довело до проблеми со потпорниот апарат на истите и промени во загризот, а последователно на тоа страда и виличниот зглоб.
Во нашата ординација се изработуваат порцелански мостови со метална основа, со безметална основа и хромаситни мостови (без порцелан).

• МОБИЛНА ПРОТЕТИКА

Опис

Протезите се мобилни протетски конструкции кај пациенти кои изгубиле поголем дел од своите заби и кај кои не постои можност да се изработи фиксно – протетска конструкција (мост). Според бројот на изгубени заби протезите можат да бидат парцијални (делумни) или тотални (целосни) протези , а според материјалот на изработка можат да бидат: класични акрилатни протези , скелетирани визил протези и еластични ( валпласт) протези.

• Тотални протези
Кога пациентот ги има изгубено сите заби, се изработуваат тотални (целосни) протези.

• Парцијални протези
Парцијални протези се протези кои се изработуваат кога во усната празнина има останато заби, но кај пациентот нема услови за поставување на мостовска конструкција.

1. Класични акрилатни протези
Целосно се изработени од цврст акрилат и со помош на кукички (жички) се прицврстени за остатокот од забите.
2. Eластични (валпласт) протези
Овие протези се изработени од тенок и мек материјал кој совршено се вклопува во устата на пациентот, интимно налегнува на гингивата и овозможува рамномерно пренесување на силите на џвакопритисок со што се намалува оптеретувањето на природните заби. За истите е поврзана со меки и невидливи кукички со што естетски е скоро невидлива и не создава проблеми при говор и исхрана, па затоа пациентите многу лесно се навикнуваат на нејзината употреба.
3. Скелетирана визил протеза
Визил протезата е парцијална скелетирана протеза каде што скелетот на протезата е изработен од леен метал . Површината на протезата е значително намалена и за разлика од акрилатните протези тие се потенки, помали, но поцврсти и постабилни во усната празнина. За преостанатите заби може да се прицврстува со помош леени кукици или во комбинација со порцелански мостови каде што врската меѓу протезата и мостот е со атечмени (копчиња) кои не се гледаат , естетски се многу поприфатливи, а овозможуваат цврсто лежење и одлична функција на протезата.
• Протези над импланти
За подобрување на стабилноста на протезите при недостаток на сите заби во усната празнина, можно е поставување на посебен вид на импланти, на кои се прицврстува протезата. Ваквиот вид на изработки се мобилни, се отстрануваат од усната празнина, лесни се за одржување на хигиената и се стабилни при јадење и говор.
NIGHT GUARDS
Night guards (ноќни чувари, сплинтови) се изработуваат од силиконски материјал и се индивидуално изработени за секој пациент врз основа на отпечаток земен од устата на пациентот. Служат за заштита на забите од оштетување при постоење на навика за чкрипење со забите (бруксизам), за која што навика пациентот многу често не е свесен.
Наша обврска е да ги забележиме знаците на бруксизам во Вашата усна празнина и да Ви препорачаме на какви се’ начини може да ги заштитите Вашите заби од понатамошно оштетување. Една од препораките е изработката на ноќен чувар.
Доколку пак, промените ги забележите сами, обратете ни се за понатамошни инструкции.

• OПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

Опис

AIRFLOW
AirFlow методот за чистење е едноставен и нов начин за најефикасно отстранување на наслагите од забните површини. Системот користи насочен млаз од воздух под притисок, вода и бикарбонатни партикли (прашок) кои можат да бидат со различен вкус.
Доколку се работи за силно пигментирани заби (кафе, чај, црно вино, цигари), AirFlow е вистинскиот избор и за добивање на побела насмевка без при тоа, финансиски да се оптовари пациентот.
Со АirFlow системот за професионално чистење на забите добивате:
• најефикасно отстранување на пигментациите и наслагите од забите;
• максимален комфор;
• намалена осетливост на забите;
• не ја оштетува забната супстанца;
• достапен во различни вкусови;
• чувство на свежина после третманот;
• краткотраен третман.
Чистење на забен камен – се изведува со помош на ултразвук чии вибрации го кршат настанатиот камен на забните површини и на тој начин се отстранува. Може да се искомбинира со класично полирање со паста со што, се отстрануваат меките наслаги од забните површини или пак со AirFlow методот со кој темелно се чистат забните површини и недостапните места.
Обработка на пародонтални џебови – кај лица кои имаат пародонтопатија, во склоп на чистењето на забниот камен и полирање на забите, се изведува и рачно обработување на постоечките џебови со специјални инструменти за таа намена со цел, да се отстрани некротизираното ткиво, субгингивалниот забен камен, бактериите, остатоците од храна итн. и да се намали воспалението, а со тоа да се превенира напредување на заболувањето.

РЕСТАВРАЦИИ (ПЛОМБИ)

Пломбите се најчест тип на реставрација во стоматологијата. Тие го надоместуваат делот од забот кој е уништен со кариес или пак, е изгубен при траума.
Денес, најшироко употребувани материјали се композитите (естетски бели пломби). Се разликуваат голем број различни композити според типот и големината на честичките кои ги содржат. Најновите нано-композити освен што естетски задоволуваат и наликуваат на природниот заб, имаат и голема цврстина, што значи дека можат да ги издржат џвакалните сили.
Друга група на современи пломби се глас-јономерните пломби кои имаат се’ поголема употреба поради нивната био-активна природа. Овие материјали хемиски се врзуваат со забната структура, имаат добри физички својства и имаат способност да делуваат заштитно на забот поради нивното испуштање на флуориди. Заради ова, овие пломби имаат голема употреба во детската стоматологија, и во сите случаи каде што е потребно да се намали ризикот од кариес.
Многу ретко, но и денес се’ уште се употребуваат амалгамските (метални) пломби, кои иако не се естетски, имаат најголема цврстина и се долготрајни.
При Вашата посета во зависност од состојбата на Вашите заби и во зависност од предностите и недостатоците на различните материјали, ќе го пронајдеме најоптималното решение за Вас.

КОМПОЗИТНИ ФАСЕТИ

Композитните фасети (ламинати) се тенки прекривки на предните површини на забите и служат да ги прекријат дисколорациите и оштетувањата на забите, односно, се употребуваат доколку се потребни мали естетски корекции на забите, без при тоа да се оптовари буџетот на пациентот.
Во нашата ординација се употребуваат префабрикувани, готови композитни ламинати кои само се адаптираат на Вашите заби или пак, може да се изработат и од композитен материјал (бела естетска пломба). Новите генерации на композити имаат естетски карактеристики како природниот заб и имаат голема цврстина, што значи може да ги издржат џвакалните сили.

ЕНДОДОНЦИЈА
Ендодонцијата е гранка во стоматологијата што се занимава со лекување на пулпата (нервот) на забот. Ендодонтскиот третман е секојдневна стоматолошка процедура чија цел е да се отстрани оштететниот нерв и да се елиминира инфекцијата од внатрешноста на забот, а воедно и да се зачува забот и да се реставрира. Доколку не постои можност за ендодонтски третман на забот или пак, ендодонтскиот третман е неуспешен, се пристапува кон негова екстракција (вадење).
Фази на лекување на заб:
- снимка на забот
- пристап до нервот (по потреба аплицирање на анестезија) и негово отстранување;
- обработка на коренските канали со соодветни инструменти (рачни или машински)
- апликација на средство за умртвување на забот или лек ;
- повторување на обработката и аплицирање на различни медикаментозни средства при секоја посета;
- бројот на посетите е варијабилен во зависност од дијагнозата и реакцијата на соодветниот заб;
- на крајот на третманот, коренскиот канал се исполнува со траен цврст материјал и соодветно се реставрира.

ЗАЛЕВАЊЕ НА ФИСУРИ
Залевањето е метод за заштита од кариес на новоизникнатите трајни заби во усната празнина при кој, се аплицира тенок слој на материјал во фисурите (браздичките на гризната површина на забот) без никакво стружење. Во фисурите (особено длабоките и тесни фисури) доаѓа до акумулација на плак (остатоци од храна, бактерии) што може да придонесе за брза појава на кариес на новоизникнатите недоволно минерализирани заби.
Доколку Вашето дете има нов заб во усната празнина, време е да го донесете во нашата ординација на кратка контрола. Доколку забот е се’ уште здрав, препорачано е да се залее.
Водете се секогаш по правилото: “Подобро е да се спречи, отколку да се лечи.”

DIAGNOdent Pen

Новиот, ласерски детектор на кариес – DIAGNOdent Pen на светски познатиот производител KaVo го употребуваме во случај кога постои сомневање за постоење на кариозна лезија, а стандардните постапки (РТГ снимка, инспекција и сондирање) не укажуваат на тоа.
Со помош на DIAGNOdent Pen се открива апроксимален кариес (меѓу забите), кариес во фисурите и почетен кариес уште во најраната фаза кога е можно сè уште да се делува превентивно или минимално инвазивно. Лоцирањето на скриениот кариес, (пред да дојде до уништување на забната структура) е огромен пресврт во модерната стоматологија.
Другите дијагностички методи во откривањето на кариесот (рентгенски снимки и сондирање) имаат ограничена примена, особено во раните фази на развојот. Со DIAGNOdent Pen ваквите ограничувања се надминати.